Блокирана една од најголемите крстосници во Скопје, граѓаните нервозни

Хаос и нервоза предизвика штрајкот и блокирањето на патиштата на приватните превозници во Скопје. Граѓаните велат дека со часови чекаат автобуси за извршување на секојдневните обврски. Некои мораа да сменат и по 4 автобуси за да стигнат до болница или на работа.
„Еден час чекаме овде.. Дојдов од Шутка пешки. Не знам што се случува…. доцниме на работа, сега треба да одам дома“, реагираат граѓаните.
“Не чини вака, не. Не е добро да се чека со часови. Што е работата не знам. За една мала работа губиш цел ден. Тоа е трошок. Некој остава работа, има некоја мака. Ова не е добро што се случува вака“…
Хаосот во сообраќајот е проблем и за учениците и студентите.
“Го пропуштаме првиот час, вториот… се случува да доцниме еден час и за на училиште и на враќање за дома“, велат учениците.
Возачите велат дека за дестинации кои порано ги поминувале за 5 минути, денеска им требале повеќе од еден час
Мефаил Исмаили