ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбележан денот на албанското знаме

Црвено-црни знамиња ја украсија секоја населба во која живеат Албанци во чест на 28 ноември, денот на националното знаме. Многу активности ја вратија историјата на овој значаен датум, сеќавајќи се на имињата на Исмаил Ќемали и Иса Болетини, кои пред 110 години го кренаа црвено-црното знаме во Валона, прогласувајќи ја независноста на албанската држава.

„Јас бев Исмаил Ќемали, го кренавме знамето на Албанија во Валона. Ние како деца не треба да го заборавиме овој празник на Албанците“.
ученичка

„Јас бев Маригона. Таа на 28 ноември го извезла албанското знаме. Кога ќе пораснам, ќе навезам и јас знаме“.

„Ја имав улогата на Иса Болетини. Му помогнав на Исмаил Ќемали да оди на плоштадот во Валона да го подигне знамето во Валона“

„Им го честитам 28 ноември на сите Албанци ширум светот, им посакувам на сите Албанци да не ја заборават својата нација, и да ги слават убавите празници што ги имаме ние Албанците“, рекоа учениците.

Во Тетово 110 ученици од средното медицинско училиште маршираа кон плоштадот Илирија за да импровизираат подигање на националното знаме.

„Секако дека беше убаво чувство. Затоа што тоа е и претставување на жената Албанка, што се случило во сите настани, како на пример на кревањето на знамето во Валона, како и создавањето на азбуката“.

„Беше посебно задоволство, особено за нас двете кои бевме напред. Им честитам на сите што учествуваа“, велат учениците.

Свечената академија по повод денот на знамето во Скопје ја организираше ДУИ. Слични манифестации беа организирани во Струга, Кичево, Гостивар, Тетово и други општини.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button