ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Енергијата да се наосчи кон евроинтеграциите

И додека ВМРО-ДПМНЕ, ја повикува власта да биде логична и да прифати предвремени парламентарни избори напролет, од партиите на власта велат дека се фокусирани на нешто друго. Премиерот Димитар Ковачевски, вели дека локалните избори во три општини летово, покажале дека опозицијата нема поддршка.

А, за првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, енергијата треба да се насочи кон евроинтеграциите.

„Мислам дека изборите не се решение во оваа ситуација. Мислам дека има многу поважни задачи пред нас. Го започнавме скринингот и треба да започнеме преговори за членство во ЕУ. Во овој процес мора да има етничко и меѓуетничко единство, бидејќи се работи за иднината на државата и за иднината на генерациите“, рече Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време бара предвремени избори. На последниот состанок на партиските органи тие потврдија дека сакаат избори напролет следната година. Од партијата на Христијан Мицкоски, велат дека имаат за цел да добијат 61 пратеник на следните избори.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button