ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Боите во ентериерот и нивното значење

Трендовите за ентериерот постојано се менуваат, и ако пред една година беше актуелно да се употреби што повеќе црната боја, сега се прашуваме зошто ли толку сме го замрачиле својот дом.

Боите се голем дел од трендот, но исто така се елемент за кој мора добро да се размисли пред купување на нов мебел, сепак тоа не го правиме секоја година. Многу е важно да знаеме како боите влијаат на нас, на пример посилните бои знаат да предизвикаат стрес, додека зелените и белите тонови го намалуваат.

СИНА

Сината нијанса најдобро може да се вклопи во спалната или дневната соба. Најдобро е да се одберат посветли нијанси, на пример морската сина. Стручњаците велат дека тоа е боја која ја смирува психата, го одмара мозокот, ја намалува напнатоста и веројатно е заслужна за решавање на проблемите.

ЗЕЛЕНА

Зелената боја особено во комбинација со топла жолта е наменета за луѓе кои се во постојан стрес, бидејќи и двете бои предизвикуваат смиреност. Можете да ги обоите вашите ѕидови во зелена боја, или пак, употребете градинарски детали и разликата може да ја забележите веднаш. Вашиот дом ќе стане место кое нема да сакате да го напуштите.

РОЗЕ

Розе нијансите во последно време се се поактуелни кога станува збор за ентериери. Пастелните бои знаат да донесат мир и хармонија во домот и изгледаат неверојатно убаво. Единствено на што треба да внимавате и силината на бојата. Препорачливо е да одберете понежна нијанса.

БЕЛА

Белата боја е секогаш во мода. Белата има смирувачки ефект и доколку ја комбинирате со светло сина или зелена боја, ќе обезбедите дополнителна топлина во домот.

Извор: hybrid.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button