СПОРТ

Боксерот Исмаили ќе ги вкрсти ракавиците со Тарановиќ од БиХ

Боксерот од Тетово, Лулзим Исмаили, неколку месеци по ред интензивно се подготвува за шестиот меч во професионалниот бокс, бидејќи претходно имаше само победи. Пред него ќе биде Јасмин Тарановиќ од Босна и Херцеговина, во меч што ќе се одржи на 17 април во Тетово. Исмаили има за цел да победи и да се приклучи на најдобрите 100 боксери во светскиот професионален ринг.

„Се надевам дека на 17 април ќе биде следниот натпревар, шестиот натпревар. Противникот е боксер со големо искуство, но мислам дека ќе победиме, бидејќи ќе дадам максимум. Целта е да стигнам до топ 100 те во светот, и нормално е да се соочиме со добар боксер, каде условите што ги бараме ќе се дадат, така што се надеваме дека ќе влеземе во топ 100 те во светот, што е можно поскоро“, вели Лулзим Исмаили, боксер.

Тренерот Халим Абази, смета дека Лулзим Исмаили има доволно потенцијал да постигне голем успех во професионалниот ринг.

„Скоро цела деценија е член на Македонската боксерска федерација, на која и донесе медали од Европското првенство, од медитеранските натпреварувања во Шпанија, со еден збор, најдобриот боксер што го имаше Шкендија. Лулзим е во најдобра форма и ќе боксува за титулата на Европскиот шампионат ВБФ, позната федерација – Бокс Рек, не како што се направени некои светски шампиони, а не постојат во професионалната федерација. Противник на Лулзим Исмаили е Јасмин Тарановиќ од Босна, боксер кој има многу искуство, но со стратегијата на која работиме скоро шест недели, мислам дека ќе успееме“, вели тренерот Абази.

Мечот помеѓу Исмаили и Тарановиќ, ќе се одржи на 17 април, во спортската сала на Гимназијата во Тетово.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button