ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна вакцинирањето на граѓаните во Тетово и околината

Иако вакцинацијата започна во осум часот наутро, голем број тетовци пристигнаа порано.

Со задоволство се согласив да се вакцинирам, им препорачувам на сите граѓани на Македонија да ја прифатат оваа вакцина, за доброто на нас и на сите“.

„Ќе видиме, сакаме да се ослободиме од ова, но ќе видиме што е пишано“, велат жителите.

Мирјана Апостолоска беше првата од Тетово која прими вакцина. Рече дека се чувствува добро и дека им препорачува на сите нејзини врсници да се вакцинираат и да се заштитат од вирусот.

„Нормално, се чувствувам убаво за моето здравје и за здравјето на тие околу мене, внуците и децата. Се чувствувам многу добро по вакцината, не чувствувам ништо. Препорачувам на сите да не се плашат воопшто. Сите да дојдат, да не се плашат, затоа што луѓето се плашат“, вели таа.

Во првата фаза се вакцинираат лица над 75 години, кои по добивањето на првата доза, во рок од 84 дена ќе треба да ја примат следната доза.

„Повеќето возрасни групи над 75 години ќе бидат вакцинирани. Од првата доза, потребен е интервал од 84 дена за примена на втората доза, односно ревакцинација. Сега почнавме, но интересот е добар, го имаме интересот на пациентите”, вели Јехона Реџепи, фармацевт.

Во првата фаза во Тетово и околината се планира да се вакцинираат 800 лица постари од 75 години.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button