ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Aнкета: Повеќе од половина од граѓаните незадоволни од антиковид мерките

53% од граѓаните се незадоволни од владините мерки за справување со пандемијата со корона вируст, покажува анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Според истражувањето, само 50% од граѓаните сакаат да се вакцинираат.

„Само 50% од граѓаните би се вакцинирале ако утре има вакцини. 16% од граѓаните сè уште се двоумат, додека 34% не сакаат да се вакцинираат. Овие податоци не даваат многу надеж дека ќе има имунизација на граѓаните оваа или следната година, сè додека граѓаните немаат волја за тоа. Оние кои одговорија дека сакаат да се вакцинираат, ги прашавме која вакцина ја сакаат. Повеќето се за Фајзер, Спутник, додека помалку се за Синофарм, Модерна и АстраЗенека“, вели Влора Речица, Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

74% од анкетираните сметаат дека кризите, вклучително и пандемијата, треба да се решат во Собранието, на транспарентен начин, а не на лидерски средби. 2/3 од анкетираните ја поддржуваат онлајн работата на пратениците, додека за 25% начинот на работа на Собранието не треба да се менува поради пандемијата. 65% од анкетираните не претпочитаат бојкот како начин за изразување политички ставови. Мнозинството од анкетираните, 65% проценуваат дека пратениците не се подготвени да носат закони во име на граѓаните. 76% се согласуваат дека пратениците ги застапуваат интересите на партиските лидери. 54% од испитаниците се незадоволни од квалитетот на законите и 55% сметаат дека законите се менуваат премногу често, што создава правна несигурност.

Според испитаниците, наместо Собранието да ја контролира Владата, Владата има контрола над Собранието. 73% од испитаниците оценуваат дека Собранието игра важна улога во демократијата во земјата, но тие главно не се информирани за тоа што се прави во законодавниот дом. Тие добиваат информации главно преку телевизија (41%), додека најмалку преку собранискиот канал или веб-страницата на Собранието. Во истражувањето спроведено во февруари и март, работата на законодавната институција, граѓаните ја оценуваат со ниска оценка, 2,6. 51% од граѓаните проценуваат дека животот оди во погрешна насока, додека граѓаните имаат најмалку доверба во судството, кое го оценуваат со оценка 3,1.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button