ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бонева ослободена од обвинението за патните трошоци

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, во предметот „Друмарина“, соопштија од судот. Таа беше обвинета од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за кривичното дело Измама во службата.

Advertisements

Според обвинението на СЈО, Бонева како пратеничка во периодот од 2011 до 2015 година манипулирала со патните трошоци кои што ги наплаќала како да доаѓа од Струмица, иако живеела во Скопје.

Обвинителите сметаат дека незаконски ѝ биле исплатени над 100.000 евра со тоа што прикажувала лажни фискални сметки од патарини.

Но, судот денеска донесе неправосилна пресуда дека обвинителството не го докажало делото за кое ја товари обвинетата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button