ВЕСТИРЕГИОН

Борисов повикан на распит во полиција

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов е повикан да се појави в четврток во полиција во Софија. Борисов ја соопшти веста на брифинг во седиштето на ГЕРБ. Според него, во поканата е наведено дека е повикан за да се даде информации. На прашањето зошто го викаат на распит, Борисов одговара дека не знае што да очекува од техничкиот министер за внатрешни работи. Бојко Рашков и дека веројатно ќе го прашаат зошто учествувал на изборите. Лидерот на ГЕРБ прецизираше дека треба да се појави во полиција во 10 часот.

Advertisements

Неодамна Рашков рече дека Борисов ќе биде предмет на проверка, оти постоеле сомнежи дека вршел притисок врз сведоци. Борисов, пак, вели дека не се сеќава дека на некого му вршел притисок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button