ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот Филипче очекува мирно корона лето

Летниот период се очекува да биде тивок. Нема индикации дека епидемиолошката состојба може да се влоши, вели министерот за здравство Венко Филипче. Сепак, тој ги повика граѓаните да останат претпазливи бидејќи вирусот е непредвидлив. Граѓаните треба да продолжат да носат маски кога се опкружени со многу луѓе.

Трендот на опаѓање на нови случаи продолжува. Во последните 24 часа се регистрирани 16 нови случаи од 3.109 тестови. 38 пациенти оздравеле, додека 7 ја загубиле битката со Ковид-19. Во меѓувреме земјата чека нови дози на вакцини. Досега се вакцинирани околу 244 илјади граѓани од околу 439 илјади пријавени.

Филипче рече дека разговара со српските власти ревакцинацијата на нашите граѓани кои во Србија примиле една доза, да се организира на некоја поблиска локација до земјава. Ова доаѓа откако српскиот претседател Вучиќ ги повика сите македонски граѓани кои се заинтересирани повторно да се вакцинираат во Србија.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button