
Во НБА се одиграа неколку интересни натпревари. Најнеизвесно беше во Лос Анџелес, каде што домашниот тим Клиперс го пречека Бостон. Но на крајот славје на гостинот, дури по продолженијата 113-117. И покрај тоа што одлична партија имаше тандемот Џонс – Портер кај Клиперси, сепак, на крајот Бостон благодарение на тимската игра дојде до победата.
Минесота како гостин го победи тимот на Далас со минимални 115-114. Минесота за малку ќе ја испуштеше победата, со оглед дека на почетокот на последниот период имаше предност од 10 поени разлика, а во еден миг Далас стигна до -1, сепак, во финишот успеаја некако да стигнат до победата.
Минимална победа оствари и Хјустон во дуелот со Кливленд 109-108. И тука малку недостастуваше да се случи пресврт, со оглед дека во последниот период Хјустон влезе со позитива од 11 разлика (94-83). Во последната четвртина Кливленд дури и поведе со 6 поени (98-104), меѓутоа во финишот Рокетс одново ја презедоа иницијативата, и дојдоа до победата.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Детроит 104-114
Бруклин – Феникс 84-108
Далас – Минесота 114-115
Хјустон – Кливленд 109-108
Мемфис – Шарлот 132-120
Оклахома – Јута 123-114
Сакраменто – Голден Стејт 123-117
ЛА Клиерс – Бостон 113-117 (по продолжение)