ВЕСТИСВЕТ

Илјадници луѓе се евакуирани во Лос Анџелес, изби нов пожар кој кој се шири неконтролирано

Нов шумски пожар кој се шири неконтролиорано брзо избувна во близина на Лос Анџелес, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат од регионот кој веќе се опоравува од најразорните пожари во историјата на земјата.

Пожарот Хјуз се разгоре во близина на езерото Кастаик во планинска област што граничи со неколку станбени области и училишта. Според првичните информации во моментов зафатена е површина од 9.200 хектари, а огнот е поттикнат од силен ветер и сува вегетација.

Околу 31.000 луѓе во областа се под наредба за задолжителна евакуација, а уште 23.000 се предупредени дека можеби ќе треба да побегнат, соопштија градските власти. Од затвор во областа евакуирани се речиси 500 затвореници.

Дополнително уште два други пожари пламнаа и на југ во близина на Сан Диего. Дождот кој се најавува за време на викендот е единствената позитивна вест која им дава надеж на противпожарните служби во борбата со огнената стихија но сепак носи и стравување од свлечишта, поплави и одрони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button