СПОРТФУДБАЛ

Брајан Сарагоса, третото засилување за Бајерн

Брајан Сарагоса, порано од предвиденото ќе се пресели во таборот на Баерн Минхен, откако тренерот Томас Тухел во него виде решение за проблемите со недостатокот на крилни фудбалери, кои кулминираа со најновата повреда на Кингсли Коман по која французинот околу три месеци ќе биде надвор од терените.

Надвор од стројот е и Серж Гнабри, поради што управата на Баварците реши да го забрза трансферот на Сарагоса, кој беше договорен да пристигне на почетокот од јуни. Челниците на Гранада не сакаа да дадат зелено светло за предвремено заминување на еден од своите најдобри фудбалери, но ситуацијата се промени откако баварскиот гигант понуди загарантирани три милиони евра заедно со 1,5 милиони поврзани со клаузули.

Поради ова, Шпанецот доби дозвола да се пресели во Минхен пет месеци порано од предвиденото, со оглед што Баерн од претходно ја имаше активирано клаузулата од договорот на овој фудбалер за сума од 13 милиони евра.

Сарагоса е третото засилување на баварскиот гигант во овој преоден рок, по Ерик Даер од Тотнхем и Саша Боје од Галатасарај

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button