СПОРТФУДБАЛ

Брера Струмица, спогодбен го раскина договорот со тренерот Валенти

Новиот фудбалски проект Брера Струмица ќе продолжи под ново водство. Клубот преку својот официјален веб-сајт потврди дека спогодбено е раскинат тренерот со Џовани Валенти. Првиот италијански стручњак во ПМФЛ заминува од својата функција по анализата на постигнатите резултати во досегашниот дел од сезоната. Челниците на клубот и Валенти го договориле прекинот на договорот, а на последниот меч од есенската полусезона на клупата ќе седне Ѓорги Стојчев.

„Сакам да му се заблагодарам на господинот Валенти и неговите соработници за посветената работа во изминатите месеци. Донесовме заедничка одлука се во интерес на клубот. Нам сега ни преостанува што подобро да се подготвиме за последниот натпревар со екипата на Шкупи но и со предизвиците за вториот дел од сезоната. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Во последниот натпревар со Шкупи како вршител на должноста тренер екипата ке ја предводи некогашниот тренер на првиот тим Ѓорги Стојчев“, изјави генералниот директор Јован Симиќ.

Во наредниот период до стартот на подготовките Брера ќе има време за да доведе замена за Валенти. Заедно со главниот тренер, од клубот заминаа и неговиот асистент Микеле Кавали, како и тренерот на голманите Алесандро Пегорари.

Валенти кој има работено во младинските погони на повеќе италијански клубови, но и во нивната репрезентација ја водеше Брера од јуни. Под негово водство Брера запиша пет победи, пет нерешени и седум пати загуби, а со 20 бода се наоѓа на осмото место.

Во последната рунда на есенскиот дел од шампионатот Брера ќе се судри со Шкупи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button