ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарско МВР за Алсат: Немаме податоци дека Палевски е во Бугарија

До овој момент нема податоци дека Љупчо Палевски се наоѓа на територијата на Р. Бугарија – ова е кусиот одговор од утринава на Министерството за внатрешни работи на Бугарија на прашањето на Алсат дали бугарската полиција има информации за влез или излез на Палевски преку граничните пунктови на земјата.

Advertisements

Министерот Оливер Спасовски вчера информира дека Палевски на 30-ти ноември заминал за Белград, а потоа и за Бугарија, по што му се губи трага. Првоосомничениот, според она што го соопшти Спасовски, ја напуштил земјава три дена по извршувањето на грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button