РЕГИОН

Брисел: Потпишан договор за БиХ со Фронтекс

Денес во Брисел беше потпишан договор со Фронтекс од страна на претседателот на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто и комесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер.

Advertisements

Спогодбата за оперативни активности што Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ја спроведува во Босна и Херцеговина е важен чекор напред на европскиот пат на БиХ во многу погледи, бидејќи со исполнување на еден од условите на ЕУ, Босна и Херцеговина станува кредибилен партнер во обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ и улогата на нашата земја во целокупната безбедносна архитектура на ЕУ и европскиот континент.

На билатералната средба одржана по церемонијата на потпишување, претседателот Кришто и комесарот Брунер разговараа за актуелните безбедносни предизвици во ЕУ, како и за прашањата за нелегалната миграција, особено во регионот и Југоисточна Европа, објави порталот „Аваз“ од Сараево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button