РЕГИОН
Брнабиќ: Србија со нова влада до средината или крајот на март

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјава за РТС изрази уверување дека новата влада ќе биде конституирана до средината или крајот на март.
Таа потсети дека во вторникот била одржана конститутивната седница на српскиот парламент и дека рокот од 90 дена за формирање влада, почнал да тече.
„Верувам дека брзо ќе ги формираме сите институции. Србија има многу работа. Мораме да продолжиме да работиме. Верувам дека владата ќе биде конституирана до средината или крајот на март за да можеме да продолжиме со работа“, изјави Брнабиќ на РТС.
На прашањето каде ја гледа својата позиција во новата влада, Брнабиќ одговори „ќе видиме“.