ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројни материјални штети од невремето евидентирани во регионот на Охрид и Куманово

Најпогодени од град и дожд беа охридскиот и кумановскиот регион каде беше причинета голема материјална штета. Аматерски снимки ги покажуваат патиштата претворени во реки. Денеска во утринските часови циклон го зафати истокот, велат од Хидрометеоролошкиот завод. Грмежите и градот се вообичаени за овој период од годината, кога летото доцни и има температурни флуктуации, велат синоптичарите.

Advertisements

Метеорологот Јулијана Фиданоска изјави дека стабилизирање на времето ќе има од утре и во текот на наредната недела кога ќе има високи температури кои во просек ќе се движат околу 30 степени.

Од УХМР, ги повикуваат граѓаните да избегнуваат непотребно излегување, и кога има громови да не се седи под дрвја. Повреди можат да настанат и од градот и затоа се препорачува да се засолните во најблискиот објект.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button