Бројот на затворени продавници поради ковид-кризата во Тетово се зголемува

Бројот на затворени продавници во Тетово се зголемува. Само во последниот месец десетици бизниси во чаршијата затворија и многу работници останаа без работа.
Некои од сопствениците на продавници кои сè уште се отворени велат дека кризата ги притиска секој ден сè повеќе, додека другиот дел планираат да затворат.
Работата многу ни падна, повеќе од 50 проценти бидејќи бутиците не работат, а ние зависиме од нив. Повеќе од половина се затворени затоа што немаат да платат кирија, придонеси.
Кризата ни влијаеше на околу 85 проценти. Работата тотално падна, продажба нема, седиме залудно. Повеќето се затворени, но и другите ќе затворат, многу тешко.
Секој ден се дискутира за истата тема, односно за затворање и за напуштање на чаршијата. Во оваа професија работиме, навистина нема каде да одиме затоа што нашата професија се разликува од другите. Остануваме таму каде што сме и секој ден размислуваме да затвориме.
Од Министерството за економија за Алсат велат дека на микро и малите претпријатија ќе им се помогне со 31 милион евра кредити без камата, додека следната година во буџетот се предвидени 50 милиони евра помош за мали и средни бизниси.
Bashkim Sulejmani