КОШАРКАСПОРТ

Бруклин Нетс му врачи отказ на тренерот Жак Вон

НБА франшизата Бруклин Нетс влезе во друштвото на тимови кои оваа сезона направија тренерска промена откако се одлучи да му врачи отказ на тренерот Жак Вон по катастрофалните резултати оваа сезона.

Вон го превзема тимот од Њујорк во месец ноември претходната година откако претходно беше помошен тренер на овој тим, но не успеа да направи значаен успех. Напротив, оваа сезона има биланс од 21 победи и 33 порази со што „црно-белите“ се на 11. место во Источната конференција.

„Ова беше тешка одлука, но мислиме дека е во најдобар интерес за тимот да оди нанапред“, изјави генералниот менаџер Шон Маркс./ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button