СПОРТФУДБАЛ

Бруно Фернандеш, во јануари го напушта Maнчестер Јунајтед?

Бруно Фернандеш, во саботата, постигна гол во 91. минута со кој Манчестер Jунајтед победи на „Крејвен Котиџ“ во Лондон. Португалецот емотивно го прослави голот, бидејќи долго време е трпи критики за својата игра.

Утровo медиумите пишуваат дека Бруно Фернандеш е решен да го напушти Јунајтед во јануарскиот преоден рок, а она што многумина ги изненади е тоа што негова нова дестинација би можела да биде Саудиска Арабија.

Португалскиот играч за врска има неколку исклучително богати понуди од оваа земја. „Сан“ пишува дека Бруно му дал зелено светло на агентот да преговара со заинтересираните клубови и дека е подготвен да го спакува куферот во јануари доколку добие финансика понуда која ќе ги задоволи неговите апетити.

Наводно најголем интерес покажал Ал Наср каде веќе настапува Кристијано Роналдо, но во своите редови португалецот би сакале да го видат Ал Хилал, Ал Ахли и Ал Итихад

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button