ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарија дозволи прелет на авионот со кој Лавров доаѓа во Скопје

Бугарија дозволи прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат кон Северна Македонија, каде што ќе учествува на самитот на ОБСЕ, соопштија синоќа бугарското МНР и руската амбасада во Софија.

– Врз основа на добиено барање од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во својство на претседавач на ОБСЕ за 2023 година и организатор на 30-тиот состанок на  Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје на 29 ноември – 1 декември 2023 година, за обезбедување дозвола за прелетување на делегациите за учество на претстојниот Совет на министри на ОБСЕ, МНР на Република Бугарија даде дозвола за реализирање на лет на Специјалната водухопловна единица „Русија“ преку воздушниот простор на Република Бугарија за спроведување на лет за транспорт на делегација за учество на меѓународниот форум“, соопшти бугарското МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button