ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија ја блокираше преговарачката рамка за Македонија

Како што се очекуваше Бугарија стави вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и со тоа го попречи носењето одлука и за Албанија, германското претседателство меѓутоа уверува дека стартот на процесот е прашање само на време, јави дописничката на МИА од Брисел.

Advertisements

За министерот за европски работи на Германија, и претседавач со ЕУ до крајот на оваа година, ова вето претставува и лично разочарување, и загрозување на безбедноста на целиот регион, па и на Европа на долг рок, изјави Михаил Рот пред и после вчерашниот министерски совет на ЕУ.

-Европската Комисија предложи преговарачка рамка, прашањето е кога, а не дали таа ќе биде усвоен, би сакал да испратам малку оптимизам, само една земја не се согласи за преговарачката рамка, а таа рамка мора да биде прифатена од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија, прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат, рече Михаил Рот на прес конференцијата вчера.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button