ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија не го прифаќа европскиот план за деблокада на преговорите со Македонија

ЕУ со мисија да ја деблокира интеграцијата на Северна Македонија. Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеј и главниот португалски дипломат Силва го претставија во Софија предлогот со кој се очекува да се деблокира отворањето на преговорите за Северна Македонија.

Документот, до кој бугарските медиуми тврдат дека имаат пристап, според нив, предвидува Скопје да прифати дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година, без бугарското барање за потеклото на македонскиот јазик. А, прашањето за користење на краткото и целосно име на Република Северна Македонија се очекува да се реши преку еднострани изјави. Се препорачува и ангажман на странски експерти во билатералната комисија за историја.

Медиумите во Софија исто така известуваат дека овој предлог е неприфатлив за бугарската страна, и дека станува збор за притисок врз Софија со нова верзија на стариот предлог на Берлин, која Софија го одби минатата година. Според БГНЕС, идејата е билатералниот спор меѓу Скопје и Софија да не се решава преку рамката за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, туку преку Процесот за стабилизација и асоцијација.

„Според документот, Владата на Скопје треба да изготви акционен план, односно водич преку кој за време на Процесот на стабилизација и асоцијација ќе се следи имплементација на Договорот за добрососедство, но ова е само козметички, а не и оперативен карактер. Не постојат инструменти со кои би можело да се санкционира неспроведувањето, а Северна Македонија веќе прави четири акциони планови, водичи или документи веќе четири години, кои потоа не ги спроведува, на арогантен начин“, пишува БГНЕС.

По средбата со Силва и Вархели, бугарски технички шеф на дипломатијата Стоев рече дека позицијата на Софија нема да се промени и дека гаранциите дека Скопје ќе го спроведе билатералниот договор од 2017 година остануваат клучни.

„Ние сме отворени за активен и отворен дијалог со Република Северна Македонија и очекуваме нашите соседи да работат во духот на искреноста и конструктивноста“, вели Светлан Стоев, министер за надворешни работи на Бугарија.

И поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева исто така рече дека предлогот на Вархеј и Силва не содржи никакви гаранции за позицијата на Бугарија.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button