ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија, нема став за предлогот на Заев

Еден ден пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, Бугарија не дава позитивен сигнал за да се отвори патот за влез на Северна Македонија во ЕУ. Сепак, од партијата на Заев велат дека се уште имаат надеж за позитивен епилог.

Според ВМРО-ДПМНЕ, бугарската страна нема да се откаже и продолжуваат да го обвинувaат премиерот Зоран Заев за можно предавство на македонскиот јазик и идентитет.

Сепак, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир изјави дека сите се посветени на изнаоѓање на заедничко решение меѓу Северна Македонија и Бугарија и се надева дека ќе се најде решение побрзо.

„Ги цениме напорите за решавање на нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија. Ова е навистина важно се до отворање на самите преговори. Овде можам да го повторам она што го кажува претседателството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побргу.

Поради бугарското вето на Северна Македонија, утре може да настрада и Албанија. Ова го соопшти амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, кој за „Еуроњуз Албанија“ изјави дека земјите-членки на ЕУ имаат за цел овие две земји да ги движат напред заедно и шансите за разделување се мали. Тој додаде дека за прв пат за Албанија, сите земји на ЕУ го поддржуваат отворањето на преговорите со Албанија, но шансите за нејзино одделување од Северна Македонија се многу мали.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button