ВЕСТИРЕГИОН

Бугарија: Парламентот го одобри повлекувањето на мандатарот од ИТН, на ред е ГЕРБ…

По проверка на кворумот и второгласање, бугарските пратеници го решија спорниот случај со кандидатот за премиер на „Има таков народ“ (ИТН), Пламен Николов, објави БГНЕС.

Мнозинството донесе акт на парламентот, со кој во пракса е одобрено повлекувањето на Николов од постапката за избор на влада на Бугарија, за што тој претходно наведе лични причини. Ова овозможува продолжување на уставната постапка и претседателот Румен Радев да го предаде вториот, а потоа и третиот мандат.

ИТН ја напушти пленарната сала и не учествуваше во двете последователни дискусии и гласања, бидејќи сметаат дека тие се „само фарса“.

Вториот мандат би требало да ѝ припадне на ГЕРБ, како второрангирана партија на неодамнешните парламентарни избори, чиј лидер Бојко Борисов, доскорешен премиер на Бугарија, најави дека ќе се откаже од постапката за формирање влада. Борисов најави дека ГЕРБ ќе претстави предлог-кабинет, предводен од Даниел Митов, ама дека веднаш потоа ќе го врати мандатот.

Третиот мандат, пак, веројатно, би отишол кај Бугарската социјалистичка партија (БСП), ама дискутабилно е дали и бугарските левичари би успеале да формираат Влада без ГЕРБ, особено ако се има предвид последната најава на ИТН дека нема да гласа за поддршка на третиот мандат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button