ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, затоа што бугарските услови на кои инсистира официјална Софија не се исполнети. Одлуката ја соопшти бугарската министерка за надворешни работи Захариева која рече дека Софија бара  придржување кон формулацијата за јазикот од Договорот склучен во 2017 година, патоказ со точни рокови за негово спроведување и јасен текст дека не се признава македонското малцинство во Бугарија.

„Бугарија во оваа фаза не може да ja поддржи преговарачката рамка со РС Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Предлогот не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма“

По завршување на министрскиот совет, претседавачот Михаил Рот, потврди дека сега не е момент за одржување на првата меѓу владина конференција, бидејќи билатреални спорови неможат брзо да се решат.

,Доколку имате билатерални конфликти кои не можат да се разрешат во наредните неколку недели, сега не е време за почеток на првата меѓу владина конференција. Сакаме да испратиме вистински сигнал кон Западниот Балкан, Македонија и Албанија, тие направија многу, постигнаа многу, но тоа е долг пат кој започнува со преговори.

Пред почетокот на министерскиот совет, претседавачот со Советот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, порача дека Македонија ја има поддршката од Берлин, а дека проширувањето не смее да биде заложник на билатералните прашања. И покрај најавеното вето од Бугарија, преговарачката рамка за Македонија сепка се најде на дневен ред на Советот на општи работи на Еу кој се одржа виртуелно.

Andrea Çobanova

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button