ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија „трие раце“ од вчерашната посетата на владината делегација во Скопје

Бугарската страна е задоволна од официјалната посета вчера во Скопје. Бугарскиот премиер Кирил Петков го смета за голем успех нотата што Скопје ја испратило во ОН во кое се наведува дека скратеното и долгото име на државава имаат исто значење.

„Од една страна ја подадовме раката, прво отидовме таму, од друга страна ни дадоа белешка која две години се надевавме дека ќе ја добиеме. Оваа белешка е многу поважна од само кратко и долго име. Во оваа белешка се наведува дека Република Северна Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија. Многу е нормално да го кажат ова, но оваа белешка е кажана, изговорена, преговарана од нас и сега само затоа што направивме нов пристап, ја прифативме. Вчера беше голем успех“, рече Кирил Петков- премиер на Бугарија

Претседателот Радев пак, го повтори своето барање при ветувањата за втор претседателски мандат.

„Јас сум меѓу политичарите кои сакаат Република Северна Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија. Затоа треба да им помогнеме на нашите браќа брзо да ги надминат идеологиите на тоталитарното минато и да ги исполнат критериумите за членство. Како одговорна членка на Европската унија, Бугарија треба да интегрира партнери, а не проблеми. Еднаквоста на македонските Бугари, од кои многумина се бугарски државјани, треба да биде гарантирана со еднакво вклучување во Уставот на земјата на еднаква основа со другите“, рече Румен Радев- претседател на Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „24 вести“ изјави дека Бугарија нема право да условува вклучување на Бугарите во Уставот, бидејќи тоа е мешање во внатрешните работи на друга држава.

Во меѓувреме, од двете страни на границата има многу малку информации за тоа што се разговарало зад затворени врати на средбите во Скопје. Страните не признаваат дека разговарале за отворените прашања, туку за структурата како да се решат и во која временска рамка тоа да се направи.

Следниот вторник во Софија ќе се одржи првата меѓувладина седница. На неа ќе се формираат пет работни групи и тоа за економија, инфраструктура, европски интеграции, култура и постојна комисија за историја. Властите ги избегнуваа прашањата дали ќе има промени во работата на комисијата за историја. Алсат контактираше со неколку нејзини членови, но тие одбија да зборуваат како се очекува да продолжат со работа.

Секоја од петте работни групи ќе се состанува на секои седум дена најмалку во следните шест месеци. Власта во Скопје не ја исклучи можноста во работните групи да бидат вклучени и членови на опозицијата. Запрашан дали евентуален договор ќе треба да биде одобрен и во Собранието, министерот за надворешни работи Османи одговори дека тоа зависи од опозицијата.

„Во Собранието го ратификувавме Договорот за добрососедство. За да одите во Собрание, треба или да одите на нов договор или да го промените овој. Ставот на Бугарија се чини непоколеблив по ваквото барање. Ако и кај нас надвладее одлуката дека треба да оди во Собрание, спротивно на моето мислење дека може да се сфати како ревизија на договорот од 2017 година, тогаш зошто да не. Никогаш не сум го избегнувал Собранието поради страв од нетранспарентност или од улогата на опозицијата во Собранието“, рече Бујар Османи- министер за надворешни работи

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button