ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случајот „Алфа“ ги обедини албанските партии од власта и опозицијата

Албанските партии едногласни за решавање на случајот „Алфа“. Алијанса за Албанците смета дека тој е вистинското лице на судството, а власта не сака да го реши, бидејќи според нив, имаат други примарни прашања, како што е делењето пасоши на криминалците и нивно ослободување со милиони евра.

„Случај за кој и независното вештачење ја докажа невиноста на обвинетите и тоа не се преиспитува само за да се избегне големата вистина за која постојано зборуваме. Хибридниот режим, поддржан и од некои албански партии и пратеници кои се заложници, ослободуваат и амнестираат докажани криминалци, издаваат пасоши за светски криминалци, а неправедно држат невини граѓани во затворите“, рекоа од Алијанса за Албанците.

Од Движењето Беса сметаат дека досега се откриени многу индиции за расчистување на случајот и ослободување од затвор на невини луѓе.

„Сите објавени индиции покажуваат дека случајот „Алфа“ е монтиран случај и оти невини луѓе се затворени. Важно е овој случај да се расчисти и да биде задоволена правдата во државата. Обидот да се политизира или овој случај да се искористи го покажува вистинското лице на оние кои повеќе од една деценија не решаваат проблеми и се обидуваат со вакви случаи да добијат политички поени, а тоа наскоро ќе им се врати како бумеранг“, посочија од Беса.

Од Алтернатива, која во програмата за влез во влада со СДСМ, го има и расчистувањето на монтираните случаи, велат дека ќе се занимаваат со предметот откако ќе се консолидирал владиниот кабинет. Од партијата на Африм Гаши велат дека ќе останат на зборот да бараат меѓународна експертиза за монтирани судски случаи.

„Овој случај спаѓа во листата на случаи за кои постојат сомневања дека имало политички влијанија. Откако ќе се консолидираме во владиниот кабинет, ќе ја вршиме нашата работа на која сме посветени, односно да бараме меѓународна експертиза во судски случаи за кои постои сомнеж за политичко влијание. Посакуваме вистината да излезе на виделина и луѓето да бидат ослободени“, велат од Алтернатива.

Пред неколку дена, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека случајот „Алфа“ долго чека и оти властите мора навреме да дејствуваат и да го решат.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button