ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дипломатот Филипов: „Нов почеток во преговарачкиот процес со Бугарија“

Позитивниот речник и позитивната атмосфера при посетата на бугарската делегација на Скопје и средбите со државниот и политички врв во земјава, претставуваат нов почеток во преговарачкиот процес меѓу двете земји. Ова е оценката на поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Тој вели дека ако не може да се најдат решенија за прашања кои одземаат многу време, може да се започне со прашања кои можат да се спроведат.

Филипов смета дека е добро што историјата им е препуштена на историчарите, а политичарите ја продолжуваат соработката што, според него, треба да резултира со укинување на бугарското вето за почеток на преговорите со Европската унија.

Филипов смета дека нема да биде потребно ако се дојде до евентуален договор за него да се гласа и во Собранието, бидејќи веќе постои ратификуван договор и две резолуции во двата Парламента. Секој договор, вели тој, може да се држи во тие рамки.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button