ВЕСТИРЕГИОН

Бугарија води интензивни преговори со „Газпром“

Бугарскиот преоден министер за енергетика Росен Христов за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа. Христов изјави дека клаузулите од договорот се доверливи, како и сите преговори и размена на информации. Тој информира дека се водат исклучително интензивни разговори и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат.

„Во моментов не зборуваме само за снабдување со гас, туку и за рокови за плаќање во рамките на ограничувањата наметнати од ЕУ“, рече Христов. Поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков го нарече „Газпром“ небезбеден снабдувач со гас, бидејќи на крајот на зимата нагло и без предупредување ги прекина испораките за Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button