МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот историчар Иванов со критики за Софија: Мора да го смениме начинот на размислување за Скопје

Бугарскиот историчар и професор вели дека Софија мора да инсистира дека Гоце Делчев носи бугарски етнички идентитет, но мора и да признае дека тој има свој придонес во политичкиот развој, за раѓањето на политичката нација во Македонија

Софија треба ја смени својата позиција и начинот на размислување во однос на Скопје, смета бугарскиот универзитетски професор Михаил Иванов, кој му беше советник за етнички и религиозни прашања на поранешниот претседател Жељу Желев, во чиј мандат Бугарија ја призна Македонија како држава.

Иванов во изјава за Бугарското национално радио вели дека се прави обид визијата на одредена група историчари да се наметне како политичка позиција.

„Тоа не е коректно и не е правилниот пат. Голем број истакнати бугарски историчари не размислуваат како историчарите во заедничката комисија утврдена со Договорот за добрососедство. Во меморандумот за објаснување, кој беше пренесен главно преку странски медиуми, се вели дека Северна Македонија мора да се раздели со тоталитарното минато на Југославија. Но, исто така, мора и ние да се разделиме со нашето тоталитарно минато, со нашиот начин на размислување. Треба да се направи детаљна анализа на ситуацијата. Не би сакал тоа што се прави да биде на штета на бугарскиот дух, култура и меморија“, изјави Иванов, пренесе МИА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button