МАКЕДОНИЈА

ВМРО со услов за присуство во работната група за изменување на Законот за јазиците

Политичките партии  ја поздравија најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, за работните групи за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка и Законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ бара вклучување на препораките на Венецијанската комисија. Според партијата оваа иницијатива докажува дека Законот за јазиците е неуставен.

За ДУИ, одредбите од Законот за употреба на јазиците се неприкосновени, и велат дека ќе учествуваат во работни групи за олеснување и усогласување на судските постапки со Законот за употреба на јазиците.

„Одредбите од Законот за употреба на јазиците треба да се рефлектираат во Законот за кривична постапка и другите закони, имајќи предвид дека Законот за јазиците ја ажурираше кохезијата, надминати се сите неосновани предрасуди дека на земјата и се случува нешто лошо ако Албанците сакаат употребата на албанскиот мајчин јазик во сите институции, вклучително и судските постапки “, рече Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.

Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека во моментот прашањето за законските измени го разгледуваат експерти и наскоро се очекува  да излезат со унифициран став како коалиција. Овие два субјекти во претходниот состав го поддржаа усвојувањето на Законот за употреба на јазиците.

Adrian Kerimi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button