СПОРТФОРМУЛА - 1

Хонда ја напушта Ф1 по 2021 година

Јапонскиот производител Хонда денеска објави дека повеќе нема да учествува во Формула 1 по 2021 година. 

– Почнавме да пресметуваме колку ќе не чини Формула 1 со новите правила. Тешко е за сите производители на автомобили, бидејќи сè оди кон електрификација. Затоа разговаравме во рамките на компанијата, а нашиот прв приоритет е да победуваме. Кога ќе одлучиме да учествуваме, сакаме да победуваме. изјави извршниот директор на Хонда, Масаши Јамамото минатата година кога имаше први знаци на незадоволство од јапонскиот производител.

Тимот на Ред Бул сега може да биде во неволја, затоа што ќе треба да најде нов снабдувач на мотори за 2022 година. Досега „црвените бикови“ имаа успех со Рено, но таа соработка заврши по 11 сезони во 2018 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button