МАКЕДОНИЈА

Шекеринска и Каракачанов во кавга, „фрштат“ изјави за Татари, фашисти, а знамето било вентилатор

Вака не преговараат сојузниците. Ова беше одговорот на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, до нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов, кој рече дека е подготвен да ги отстрани спорните споменици од Скопје за 24 часа со помош на армиските инженериски единици. Шекеринска истакна дека изјавата на Каракачанов ѝ припаѓа на минатото и оти Северна Македонија ќе продолжи да преговара во духот на пријателството.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарските медиуми изјавија дека не може да се гради пријателство сè додека во историјата на македонската држава се споменува бугарскиот фашизам.

Не можеме да толерираме градење на идентитет на држава заснована врз книги кои велат дека Бугарите биле убијци, фашисти, Татари, окупатори итн. Држава што со политики создава национални малцинства во рамките на Бугарија и ја загрозува целата територија на нашата земја.

Освен ова, Каракачанов го оспори и 11 октомври како државен празник во државава, зашто според него, тој нема никаква врска со ослободувањето од фашизмот, туку бил обичен полициски инцидент што во земјава се толкувал како херојство. Во врска со Илинденското востание кое Македонија го слави како патека низ која дошло до градење на државата, Каракачанов рече дека тоа се водело под бугарско знаме.

Нема две востанија, има едно. Нема два народа, туку има еден обединет бугарски народ кој за време на Илинденското востание го вееше знамето во црвена, зелена и бела боја и напиша„ Слобода или смрт“. Немаше вентилатор како оној што денес го имаат како знаме.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button