СВЕТ

Се бројат жртвите од конфликтот во Нагорно Карабах; Азербејџан обвинува, Ерменија негира

Конфликтот во Нагорно Карабах носи сè повеќе жртви. Борбата меѓу Ерменија и Азербејџан влезе во 17-от ден.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан ги негираше изјавите на Баку дека ерменските сили гранатирале азербејџански територии.

“Ние целосно ги негираме обвинувањата на Министерството за одбрана на Азербејџан против Ерменија за гранатирање во правец кон регионот Тертер. Со овие лажни информации, азербејџанската страна подготвува терен за агресивни активности против мирни населби”, напиша Степанјан на Фејсбук.

Според неа, изјавата за гранатирање на азербејџанскиот регион Аѓабедин е исто така неточна, пренесува Спутник.

„Ерменската страна го почитува режимот на хуманитарен прекин на огнот и ги прекинува офанзивните активности на Азербејџан, што го крши овој режим“, истакна портпаролката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button