
Бугарскиот парламент денеска ќе одржи вонредна седница на која треба да се гласа за предложениот нов владин состав на коалицијата предводена од мандатарот Кирил Петков. На дневен ред предложен и одобрен од претседателот на Народното собрание е изборот на премиер на Република Бугарија, усвојување на структурата на редовната влада и нејзиниот избор од пратениците. Кирил Петков, колидерот на најголемата политичка сила во новиот парламент – „Промените продолжуваат“ завчера го доби мандатот за состав на новиот кабинет од претседателот Румен Радев.