ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ одржа уште една лекција по демократија

Новоизбраниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски се заблагодари на сите коишто гласале на денешните избори и им честиташе на неговите противкандитати за учеството во изборите.

Како што кажа тој, нивните изборни програми ќе бидат дел од новата стратегија на партијата.

„Другарки и другари, вечерва СДСМ е победник. Вечерва СДСМ одржа уште една лекција од демократијата. Може сите да славиме за успешните избори, но од утре мора да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда која се спроведува, државата оди напред. Затоа ни треба силен и обединет СДСМ, кој има јасни цели и енергија за нивно спроведување“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button