РЕГИОН
Бугарскиот парламент ќе расправа за недоверба на владата


Алсат
20.07.2020 09:58
На вонредна седница бугарскиот парламентот денеска ќе расправа за недоверба на Владата. Тоа ќе биде петти по ред обид на опозицијата да го собори Кабинетот на премиерот Бојко Борисов. Во меѓувреме, во Софија и вчера – единаесетти ден по ред – се одржаа антивладини протести чија цел е оставка на владата на Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев. За денеска е најавено дека протестите ќе се одвиваат на поинаков начин – како национален штрајк уште од утрото, со цел да се блокира Парламентот, каде што треба да почне дебатата за гласањето за недоверба на владата.