Бугарските лекари кажаа каква е состојбата на хоспитализираните патници

Во болницата Пирогов во Софија по несреќата со автобусот на автопатот Струма се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Како што додаде таа, нема опасност по нивните животи.
Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.
Дека состојбата на хоспитализираните патници е стабилна кажа и главниот комесар за противпожарна безбедност и заштита на населението во бугарското МВР Николај Николов за Нова ТВ
Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по 02.00 часот, кај селото Боснек. Автобусот со макеоднски таблици сообраќал во правец на Република Северна Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку по полноќ автобусот застанал на бензинска пумпа во близина на Софија, по што продолжил. Несреќата се случила еден час подоцна.
Засега нема потврда дали автобусот прво излетал од патот, а потоа се запалил или најпрво настанал пожар во возилото.