МАКЕДОНИЈА
Бугарското МНР со поддршка за македонските власти во врска со несреќата

Бугарското министерство за надворешни работи сооопшти дека во своите надлежности ќе им пружи целосна помош на макенските власти во врска со несреќата на автопатот Струма.
Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт со македонското МНР и со нејзиното дипломатско претставништво во Софија, се додава во соопштението.
Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од земјава со оглед на хуманитарниот аспект на случајот.