ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарското МНР: Софија ќе ги поддржи бугарските клубови во С. Македонија

„Кога ќе стапи во сила Законот за здруженија зависи од тоа кога ќе биде објавен во Државниот весник на Република С Македонија. Сигурно ќе се забранат клубовите, прашање е дали ќе се изнуди промена на името. Не можеме да одговориме на тоа бидејќи тоа ќе биде одлука на секој од овие клубови. Тие ќе имаат можност или да ги променат имињата или да си ги бараат правата преку суд. Бугарската држава ќе ги поддржи и во двата случаи.

Advertisements

Ова го изјавил главниот експерт во бугарското Министерството за надворешни работи Желјазко Радуков на редовниот брифинг со новинарите.

„Дали Венецијанската комисија може да го запре спроведувањето на законот – практично не, затоа што – пред сѐ, одлуките на Венецијанската комисија се советодавни, а не задолжителни. Второ, одговорна влада, кога оди да бара мислење од Венецијанската комисија, тоа го прави во моментот кога законот сѐ уште е предлог закон, а не кога е веќе усвоен“, објаснил тој.

„Во оваа смисла, ги сметаме за неодржливи сите уверувања што ги слушаме од Северна Македонија дека Венецијанската комисија веројатно ќе го запре спроведувањето на овој закон“, рекол Радуков, пренесува БГНЕС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button