ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: Ескалацијата со Бугарија, добредојдена за Русија

Бујар Османи: Ескалацијата со Бугарија, добредојдена за Русија

Според известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук институциите во земјава покажале зрелост во одговорот на нападот над Христијан Пендиков во Охрид. Ќучук вели дека Бугарија не треба да влезе во ситуација на ново вето за евроинтегративниот пат на Македонија или пак, да пласира заканувачки тонови во изјавите. Во интервју за бугарски медиуми, европратеникот оцени дека тензијата во билатералните односи ќе трае до вклучувањето на Бугарите во Уставот, имплицирајќи на вмешаност на надворешни влијанија.

„Има и други надворешни фактори и луѓе кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да имаат добри односи. Тие ја играат својата улога. Тие се надворешни, а ги има и во Бугарија и во Северна Македонија, за жал. Тоа се сите кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од ЕУ и кои не сакаат Бугарија да има улога во европеизација на Балканот“, рече Илхан Ќучук – бугарски европратеник.

Од друга страна и шефот на дипломатијата Бујар Османи истакна дека земјава реагирала соодветно на нападот во Охрид. Во интервју за „Радио Слободна Европа“ тој кажа дека треба да се стави крај на влошувањето на билатералните односи. Сепак, додаде Османи, кај нас има политиканство и сезоната на провокатори, насилници и политички профитери била отворена.

Османи: Сигурно, последната ескалација ќе биде добредојдена за многу трети фактори коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт. Дали е тоа во наш интерес?! Јас не се согласувам.

Новинар: Тие трети фактори не би ги именувале сега? На кого мислите?

Османи: Руската федерација.

Вчера и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов изрази стравување дека постои обид за, како што рече, враќање на Македонија под руско влијание. Изминатата недела пак, претседателот Стево Пендаровски, по одржаниот состанок на Советот за безбедност, рече дека ќе побара забрана за влез на некои бугарски државјани, меѓу другото и поради соработка со руски структури. Според министерот Оливер Спасовски пак, последните случувања се дел од поголемо сценарио и хибридна војна и оцени дека се шират многу лажни вести./Алсат.мк

Лука Андреев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button