ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара власта да каже кои странски служби подгреваат тензии со Бугарија

ВМРО бара власта да каже кои странски служби подгреваат тензии со Бугарија

Според ВМРО-ДПМНЕ не се доволни, како што велат, неуверливите изјави на власта дека ја согледале ситуацијата и знаеле дека тензиите со Бугарија се резултат на некакви си странски структури и служби. Од ВМРО бараат власта д акаже кои се тие. Потпретседателот на партијата, Александар Николовски денеска испорача неколку барања до Владата, меѓу кои да се проверат финансирањето на здруженијата и внесувањето на странски пари, особено за здруженија во државата кои, како што вели, водат антимакедонска политика. Исто така, од опозициската партија бараат посериозна реакција на македонските институции на „отворената кампања против Македонија“. (Изјава)

„Бараме неколку работи: Првата работа, државата сериозно да ги преиспита наводите кои и самиот Пендаровски ги кажа дека здруженија, фондации, поединци и агентурни мрежи од странски држави се вмешани во креирањето на сите овие проблеми коишто се случуваат во државата и провокации со директно негирање на Македонија и македонскиот народ. И за истите да се излезе со детален извештај со кој што ќе биде информирана македонската јавност“, изјави Александар Николоски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button