СПОРТФУДБАЛ

Чави: Грешките се резултат на недостаток на концетранција

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, зборуваше по победата на каталонците со 4:2 против екипата на Валенсија во натпреварот помеѓу двата тима од 33. коло од шпанската Ла Лига. Барса двапати заостануваше резултатски, но успеа да го сврти текот на настаните во своја полза и стигна до крајниот успех.

„Индивидуалните грешки доаѓаа од недостаток на концентрација. Тоа ни се случува многу оваа сезона. Бевме слаби во позиционен напад, победивме затоа што ги искористивме нашите сили. Гледаме да внимаваме на сите елементи од нашата игра – и во нападот и во одбраната“, изјави Чави.

И покрај критичките забелешки, Чави пофали и голем дел од своите играчи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button