МАКЕДОНИЈА

Чекањето пред банките создава гужви

Чекањето со часови пред банките стана ново секојдневие на граѓаните. Редарот поставен пред банката дозволува влез на двајца во филијалата под услов да носат заштитна маска. Но, пред експозитурите сликата е поразлична. Граѓаните велат дека банките треба да размислат за воведување втора смена, за да може секој да заврши работа без да чека со часови.

„Треба да работат и втора смена бидејќи поради гужвата Ковид-19 полесно се шири, нефункционалноста на банките доведе самите да создаваат поголемо ширење на Ковид-19. Чекав два часа и не можев да завршам работа.“

„Се чека и треба да се воведе втора смена се собираат гужви и со короната се собираат повеќе и луѓето се нервираат.“

„Треба да работи и Пошта чекаме со часови…“, велат граѓаните.

Банкарите пак, тврдат дека направиле доволно за да нема гужви, а порано – велат – се даваат и пензиите и социјалната помош на точно утврдени денови.

„Банките го организираат работното време согласно препораките на надлежните институции и согласно своите деловни политики“,, велат од Македонската банкарска асоцијација.

Најголема гужва имаше кога банките им доделуваа платежни картички со државна помош на граѓаните. Доделувањето на новите 300 илјади платежни картички, овој пат за самохрани мајки, пензионери и пасивни баратели на работа, се очекува да биде следниот месец. Ќе се спроведува на истиот начин, односно граѓаните ќе мора лично да ги подигнуваат од експозитурите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button