МАКЕДОНИЈА

Јавните претпријатија основани од општините ѝ должат шест милиони евра на државата

Јавните претпријатија основани од општините на државата и должат шест и пол милиони евра, бидејќи со години не префрлале два отсто од сметките на граѓаните кои тие ги наплаќаат. Државниот ревизор во емисијата „Економски магазин“ на Алсат  открива дека во последните две години долгот на  претпријатијата кои се под капа на локалната власт, за два милиони евра го зголемиле долгот само по овој основ. Оваа давачка на општините е задолжителна и обврзувачка со закон и мора да се почитува во спротивно треба централната власт да бара одговорност од неодговорните градоначалници, вели Ацевски.

„Таквата состојба уште се зголемува. Од 4,7 милиони евра се зголемува на 6,5 милиони евра. Не можеме да имаме Јавно претпријатие каде што имаме речиси 200 милиони неплатени средства, а наплатени. Не може државата да се однесува незаинтересирана за да си ги земе парите од Јавните претпријатија на локално ниво. Па треба да побара одговорност и од градоначалниците“, рече Максим Ацевски главен државен ревизор.

Ревизорот потенцира дека ја известил владата за овој проблем. Од Владата пак, ги задолжиле министерствата за животна средина и за финансии да ги наплатат овие пари, но наместо наплата на старите, долговите вртоглаво растат по овој основ. Алсат побара одговори од инспекторатот за водостопанство, која е причината за континуираното трупање на долговите на општините во делот на сметките за вода. Инспекторите ни посочија дека редовно вршат контроли во Јавните претпријатија основани од општините. Има претпријатија кои редовно ги плаќаат обврските кон централниот буџет но има и такви кои се познати неплаќачи на оваа давачка. Инспекторатот тврди дека токму поголемите Јавни- комунални претпријатија се оние кои не ги сервисираат редовно своите обврски и против нив се изрекуваат  прекршочни пријави, но инспекторите тврдат дека тие предмети најчесто завршуваат со опомена од судот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button