СПОРТФУДБАЛ

Челзи го оправдува епитетот фаворит, повторно го победи Лил

Екипата на Челзи победи и во реваншот против Лил, за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По победата со 2:0 на „Стемфорд Бриџ“, „Сините“ го добија и натпреварот како гостин со резултат 1:2.

Натпреварот подобро започна за Лил, кој го најде голот преку Јилмаз, кој беше прецизен од белата точка (38 ′). По примениот гол, Челзи почна да доминира во посед на топката и на крајот од првото полувреме го израмни резултатот преку Кристијан Пулишиќ, кој погоди по одличната асистенција на Жоргињо (45 + 3). Победата на Челзи ја обезбеди капитенот Цезар Аспиликуета, погодувајќи од непосредна близина по асистенција на Мејсон Маунт (71′).

Така Челзи продолжува понатаму, додека противникот во четвртфиналето ќе го дознае по ждрепката овој петок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button