СВЕТ

Чешкиот претседател пренесен во болница

Претседателот на Чешка, Милош Земан (77) денеска е пренесен, од засега непознати причини, во воената болница во Прага.

Случајно или не и поранешниот претседател Вацлав Клаус се најде во таа институција поради проблеми со висок крвен притисок.

Воената болница потврди дека Земан е хоспитализиран, но одби да коментира зошто и да ги потврди неофицијалните информации од весникот „Право“ дека станува збор за потребата од подолго лекување.

Портпаролот на Земан, исто така, одби било каков коментар за медиумите, додека неговиот советник Мартин Нејдли рече дека наводно слушнал дека претседателот закажува редовна контрола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button