РЕГИОН

Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар, нивните родители се тешко повредени

Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар, нивните родители се тешко повредени

Четири деца загинаа како последица на задушување од чад, откако во стан во населбата Јалија во Нови Пазар рано утринава околу 7 часот избувна голем пожар. Според неофицијалните информации, децата на возраст од 6 месеци до 5 години, биле пронајдени мртви во станот. Родителите се тешко повредени со изгореници од втор, трет и четврти степен и во тешка состојба се пренесени во болницата каде се борат за живот.

Advertisements

Пожарот бил забележан од двајца случајни минувачи, но поради силината на огнот, иако се обиделе заедно со соседите да помогнат, не можеле да се приближат до станот. Еден од очевидците изјави дека пожарот најверојатно започнал во ходникот, а иако службите пристигнале релативно брзо, на децата им немало спас.

„Го видов пожарот, ја отворив вратата и видов двајца момци како трчаат горе. Го скршивме стаклото за да го земеме противпожарниот апарат и се качивме горе. Брзо дојдоа противпожарната служба, брзата помош и полиција“,изјави очевидецот./360stepeni

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button